X
 09.07.2026 Живот

Прва статуа во светот посветена на жените со рак на дојка, поставена во Осло

Во центарот на Осло е поставена првата статуа во светот посветена на жените што живеат со рак на дојка. Статуата со име „Сесилија – жена со неизлечив рак на дојка“ е создадена со цел да го сврти вниманието кон лицата на кои медицината повеќе не може да им понуди лекување, но чиј живот, приказни и достоинство и понатаму траат.

Автор на статуата е норвешкиот вајар Хокон Антон Фагерас, а делото ја прикажува Сесилија Флатвал, мајка на три деца на која ракот на дојка ѝ бил дијагностициран кога имала 42 години. Сесилија почина во април 2023 година, но го дочека завршувањето на статуата, документарниот филм и книгата кои денес ја чуваат нејзината приказна и порака што сакаше да ја испрати до светот.

Особено силна беше нејзината желба да се зборува поотворено за смртта и тешките болести., без страв.

 

- Смртта доаѓа во некој момент во текот на животот. Тоа е едноставно така. Отсекогаш мислев дека смртта е природен дел од животот и дека за неа треба многу повеќе да разговараме. На некој начин да ѝ ја одземеме моќта на стравот - зборуваше таа претходно.

На позирањето за статуата се согласи за да отвори простор за разговор на тема која многумина сè уште ја избегнуваат – животот со неизлечива болест, соочувањето со загубата и важноста на поддршката.

За своето семејство сакаше да остави место за сеќавање, но и простор кој на другите ќе им помогне полесно да ги започнат разговорите за болеста и минливоста.

Фотографиите од статуата во последните денови се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа многу реакции кај луѓето во светот. Многумина во приказната за Сесилија ги препознаа сопствените искуства, без разлика дали самите се соочиле со болеста или низ таков пат поминувале со членовите на семејството и пријателите.

Уште повеќе, статуата не е само уметничко дело, туку и потсетник на луѓето што живеат со таа опасна болест, нивните приказни и моменти кои постојат и покрај дијагнозата.

Извор: lolamagazin
Фото: принскрин/фејсбук

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот