X
 09.07.2026 Живот

Софија Ѓорчева освои златен пехар и златен и сребрен медал на „Математика без граници“

Победите не се случуваат случајно. Тие се градат со години, со секоја решена задача, со секој натпревар и со секое откажување од слободното време. Токму затоа денес името Софија Ѓорчева е синоним за успех.

Младата математичарка Софија Ѓорчева од Кавадарци повторно ја впиша Македонија меѓу најдобрите во светот, освојувајќи врвни признанија на финалето на „Математика без граници“ во Несебар, Бугарија.

Софија освои златен пехар во најтешката категорија „Ludovico Ferrari“, златен медал на тимскиот натпревар и сребрен медал на финалниот индивидуален натпревар.

До големото финале водеа четири квалификациски круга, а Софија во секој од нив освои златен медал, натпреварувајќи се со илјадници ученици од 46 држави.

Додека многумина чекаат можност да го покажат својот талент, Софија со години секој ден докажува што може.

Нејзината приказна не е приказна за среќа.

Таа е приказна за илјадници решени задачи, безброј часови учење и една девојка која никогаш не престанала да верува дека најголемите соништа се остваруваат со најголем труд.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот