X
 08.08.2023 Здравје

Дали вештачката интелигенција може да ги замени радиолозите?

Вештачката интелигенција би можела да помогне во подобро дијагностицирање на ракот на дојката, особено во земјите каде што нема доволно радиолози, покажува ново истражување.

Лекари и научници од шведскиот универзитет „Лунд“ открија дека мамографскиот скрининг со вештачка интелигенција речиси го преполовува обемот на работа на радиолозите.

- Скринингот со мамографија со помош на вештачка интелигенција резултираше со слична стапка на откривање на рак во споредба со стандардното двојно читање, со значително помал обем на работа при читање на екранот, што покажува дека употребата на вештачка интелигенција во мамографскиот скрининг е безбедна - изјавиле научниците.

Првите резултати од студијата на група од повеќе од 80.000 жени во Шведска откриваат дека скринингот поддржан од вештачката интелигенција открил 20% повеќе видови на рак во споредба со рутинското двојно читање на мамограми од двајца специјализирани радиолози. Сепак, тие истакнуваат дека резултатите од истражувањето треба да бидат потврдени.

Научниците посочиле дека допрва треба да се утврди како употребата на вештачка интелигенција влијае на откривањето на ракот во периодот помеѓу редовните прегледи пред да одлучат дали употребата на вештачка интелигенција во мамографскиот скрининг е оправдана.

Извор: Kreni zdravo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје