X
 09.12.2016 Живот

Психолошки трикови кои ги користат шармантните луѓе

Сте запознале ли некогаш лица кои од првиот поздрав ви се симпатични, шират некоја позитивна енергија каде и да се појават и сите едноставно сакаат да бидат во нивно друштво? Тие всушност имаат посебни трикови кои ги користат, а еве дел од нив.

1. Искрено покажуваат дека им е драго што ве гледаат

Шармантните луѓе не се преправаат дека се опуштени и „кул“ – тие знаат дека тоа се. Затоа никогаш го немаат оној вообразен став „јас сум над вас, смртници“, туку ќе се насмеат секој пат кога ќе ве здогледаат и без размислување ќе ви дадат до знаење дека им е драго што се во ваше друштво.

2. Не се плашат да изгубат

Тоа се луѓе кои без проблем ќе ви речат „Јас сум ти љубоморен/на“ или „Не знам како се прави ова, те молам покажи ми“ , бидејќи не се чувствуваат дека постојано мораат некому да се докажуваат. Не им е непријатно да признаат кога ќе погрешат и никогаш не се трудат да бидат најдобри во се.

3. Бараат заеднички теми

Верувале или не, повеќето луѓе потсвесно (а некои и свесно) во разговор бараат несогласувања и како да сакаат да предизвикаат расправија и кавга. Тие шармантни поединци, од друга страна пак, секогаш тежнеат кон тоа да пронајдат заедничка тема, заеднички јазик и слични ставови со соговорниците. Дури и ако не успеат во тоа, ќе се согласат со вас дека не се согласуваат.

4. Ја користат моќта на допирот

Допирот е моќна алатка за изразување на емоции. Во едно истражување, научниците се обидоа да изразат 12 различни емоции со помош на допирот, без зборови и се покажало дека испитаниците во повеќе од 50% од случаите погодиле за која емоција станува збор. Затоа, следниот пат кога ќе сакате со некој да споделите радост, тага или возбуда, слободно направете го тоа.

5. Користат мимики и гестикулации

Да бидеме јасни – на никого не му се допаѓа дечко кој има замрзнато лице, кога зборува за тоа како е тажен заради смртта на неговото куче. Од таквите личности сите бегаат.  Од друга страна, дечко кој знае како да ги користи мимиките за да испрати порака, секогаш собира симпатии (се разбира, истото важи и за жените).

6. Не се плашат да лудуваат

Можеби не знаете како да скејтате, но тоа не значи дека тие ќе одбијат да искористат лизгалка и да искусат тотална лудорија на мраз! Вакви работи прават шармантните луѓе и поради тоа на сите им се симпатични. Сепак, важно е да се нагласи дека тие не сакаат да прават лудории само поради тоа што некој полуд од нив би го направил истото, туку ќе направат лудорија само ако тоа го сакаат тие, па дури и да направат будали од себе.

7. Ги поставуваат вистинските прашања

Тие ќе ве натераат да зборувате за себе и да верувате дека вистински сакате да зборувате за себеси, на тој начин што ќе ви го постават вистинското прашање. Поентата е во тоа дека тие зборуваат отворено за себе, па и вас ќе ви биде полесно да се отворите. Ова е посебен трик за шармирање, па не би било лошо да ја запамтите, дури и ако не планирате да станете најшармантната личност во светот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот