X
 10.01.2024 Живот

Петте најсреќни професии во светот, проверете дали вашата е на листата

Различни фактори можат да влијаат врз нашата кариера, како што се пристапот до можности, промена на интереси и вештини или други животни настани, на пример, основање семејство.

Луѓето што наоѓаат смисла во својата работа обично се посреќни бидејќи страста за она што го работат ги мотивира. Сепак, експертите го кажаа своето, а веб-страницата „Стади фајндс“ состави листа со најсреќните работни места во светот за 2023 година.

Ова се петте најсреќни професии:

- Физиотерапевти;
- Пожарникари;
- Наставници;
- Асистенти во настава;
- Аналитичари за осигурување на квалитетот.

Во анкетата на „Пејскејл“, 90 отсто од физиотерапевтите сметале дека нивната работа има големо значење. Покрај тоа, 4 од 5 анкетирани физиотерапевти пријавиле големо задоволство од работата. Според „Лидерс“, просечната плата за физиотерапевт е над 90.000 долари и потребна е лиценца од областа.

Од друга страна, пожарникарите земаат помала плата и можат да ја завршат оваа работа со диплома за средно образование.

Наставата е уште еден начин за директно влијание врз животите на другите, почнувајќи од рана возраст.

- Не постои ништо попрекрасно од тоа да гледате како децата напредуваат - вели Кетрин Бауерс, наставничка на аутистични деца во центарот „Пазл“ во Бакингемшир.

Асистентите во наставата се многу задоволни од работата и покрај тоа што немаат најдобра плата.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот