X
 22.11.2025 Живот

Работни места што нема да постојат до 2030 година

Нестабилниот пазар на трудот дополнително беше погоден од навлегувањето на вештачката интелигенција во професиите, а се чини дека многу професии нема да закрепнат. Некои работни места исчезнуваат, додека ВИ на други полиња отвора врати за нови позиции. Работи што пред десет години беа високо барани, денес може да се завршат со помош на вештачката интелигенција.

Кои работни места ќе исчезнат до 2030 година и како можеме да се подготвиме за промените? Врз основа на податоци од Светскиот економски форум и „Линкдин“, „Форбс“ објави список со работни места што изумираат:

Работници на шалтери

Во банките и поштите повеќе нема да гледаме редици бидејќи сè ќе стане автоматизирано. Многу услуги веќе може да се завршат преку интернет, а за пет години се чини дека нема да има потреба да се оди и во банка.

Продавачи

Нема повеќе чекање ред во супермаркетите бидејќи сега постојат самопослужни каси. Оваа опција веќе се користи и во продавници за облека. Така, на пример, кога ќе влезете во „Зара“, на некои локации можете самостојно да го извршите купувањето.

Графички дизајнери

Сè уште не е момент дизајнерите да бараат нова кариера. Иако нивната позиција се наоѓа на листата, креативноста е незаменлива човечка особина која е неопходна за добар графички дизајнер. ВИ ќе ги олесни рутинските делови од работата, но човекот останува мозокот на операцијата. Единствено е важно што побрзо да се научи користењето на ВИ-алатки.

Телеоператoри


Работните места што се ориентирани исклучиво на повици и едноставни, скриптирани интеракции се во голем ризик од автоматизација. Работата на пониски позиции во телемаркетингот изгледа дека е минато. Текстот што луѓето го користат веќе постои, а ако нема многу импровизација, работата може да ја изврши и робот. Од друга страна, човечките вештини како емпатија, решавање сложени проблеми и градење односи остануваат неопходни.

Туристички агенти


Луѓето и понатаму ќе уживаат во луксузот само да се појават на аеродром, а сè друго да им биде организирано. Проблемот е што денес постојат програми кои целиот аранжман можат да го најдат на интернет, без провизија. Само внесете дестинација и активности и оставете компјутерот да ве испрати на одмор.

Секретари за правни работи

За познавање правна терминологија и пишување договори потребни се години учење и сериозна концентрација. Ако со таа работа се занимава ВИ, потребно е многу помалку време за резултатот да биде прифатлив. Во случај на работа како правен секретар, ВИ може да биде асистент, а не нужно замена. Вештачката интелигенција скенира огромни правни бази на податоци и нуди референции на случаи, кои потоа ги проверува човечки експерт.

Извор: bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот