X
 10.02.2022 Живот

Кои земји во Европа имаат најскапи патарини?

Додека во одредени европски држави како Финска, Монако и Естонија не се наплаќаат патарини, патувањето низ Франција или Италија би можело да ве чини многу.

Според британско истражување за цената на патарините низ Европа, Франција има највисока патарина на континентот. Во Финска, Естонија и во Монако воопшто не се плаќа патарина за повеќето автомобили. Во Естонија, патарина плаќаат само возилата потешки од 3,5 тони.


Фото: Pixabay

Од друга страна, патувањето од Париз до Марсеј по автопат (775 километри) значи и плаќање патарина од околу 65 евра. Италијанската маршрута од Милано до Наполи (773 километри) чини околу 60 евра, а патарината за патувањето од Боде до Осло во Норвешка чини околу 50 евра.

Македонија е најисплатлива на листата, според анализата. Патарината од Петровец до Велес чини малку над 1 евро, се вели во анализата.

Кога станува збор за мостовите, поминувањето на оној што ја спојува Норвешка со Шведска чини околу 2 евра. Мостарината на преминот „Сент Бернард“ во Швајцарија чини околу 25 евра.

Извор: Ekapija
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот