Индискиот астроном Дорје Ангчук направи неверојатно тамјлепс-видео што ја прикажува ротацијата на Земјата наспроти спокојниот пејзаж на Ладак. Неговото видео е направено од Индиската астрономска опсерваторија во Ханле, ја прикажува ротацијата на Земјата, додека Млечниот Пат останува привидно неподвижен на ноќното небо. Како инженер кој раководи со опсерваторијата, Ангчук сега има уште поголема амбиција – да направи непрекинато 24-часовно тајмлапс-видео кое ќе ја долови магичната транзиција од ден во ноќ и обратно.
- Еден ден во движење – фаќање на ротацијата на Земјата. Ѕвездите се на исто место, но Земјата никогаш не престанува да се врти. Мојата цел беше да направам целосен 24-часовен тајмлапс, кој ќе го прикаже преминот од ден во ноќ и назад - стои во описот на видеото.
За да го добие совршениот финален изглед, Ангчук морал внимателно да ги исече сите неправилности од кадрите.
Инспирацијата за проектот дошла од едноставно, но важно прашање: „Како да им се објасни на учениците ротацијата на Земјата на визуелен начин?“
- Идејата ми дојде кога ме прашаа дали е можно да се направи тајмлапс-видео кое ќе им помогне на учениците да ја разберат ротацијата на Земјата. Видеото би било уште подинамично доколку би било снимено со поширок аголен објектив. Најдобро се доживува во повторувачки режим и на цел екран, за вистински да се почувствува движењето на Земјата под бесконечното, неподвижно небо - објаснува Ангчук.
Извор:
ndtv.com
Фото: @dorje1974