X
 10.03.2020 Живот

Сакате да им помогнете на пчелите? Немојте да ги кинете глуварчињата оваа пролет

Ако сакате да им помогнете на медоносните пчели, еколозите велат дека треба да научите да го сакате плевелот и да ги оставите глуварчињата оваа пролет.

На почетокот од нејзиниот мандат како нов претседател на најстарото еколошко друштво во светот, Џејн Мемот ги потсети сите дека живеењето во хармонија со природата е едноставно.

Професорката, која предава на Универзитетот во Бристол, вели дека кога ја коси тревата, ги остава глуварчињата.

- Не можете лично да им помогнете на тигрите, китовите и слоновите, но можете да направите нешто за инсектите, птиците и растенијата што се локални за вас. Размислете што имавте за појадок. Семките од тиква во вашите мусли, јаболката, каков и да е мармаладот на вашето лепче, па дури и кафето и чајот - сите овие производи се потпираат на опрашувачите - вели таа.

Без оглед дали имате балконска градина, предна или задна градина, тревник или едноставно растение во саксија, изборот на растенија што ќе го направите има влијание врз вашата локална екологија.

1
Фото: Pixabay

Мемот објаснува неколку општи правила за засадување опрашувачи и дека луѓето треба да научат да го сакаат плевелот.

- Глуварчињата се фантастични за опрашувачите во текот на раната сезона. Велика Британија има околу 270 видови пчели и тие сакаат глуварчиња - објаснува таа.

Постојат голем број научни докази за поддршка на нејзините тврдења - дека ако постапувате добро кон природата, природата ќе ви возврати со нејзината љубезност многу повеќе. На пример, големо истражување открива дека луѓето што поминуваат најмалку 120 минути неделно во природа, како што се градски паркови, шуми и плажи - имаат значително поголема веројатност да имаат добро здравје и подобра психолошка благосостојба. Друго истражување открило дека самодовербата, расположението и довербата значително биле подобрени со градинарство.

Извор: Goodnewsnetwork.org
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот