Во холандскиот град Утрехт покривите на 316 автобуски постојки се покриени со растенија како подарок за пчелите.
Оваа зелена површина не само што ја поддржува биолошката разновидност на градот, како пчелите и бумбарите, туку и помага во фаќањето на фината прашина и ја чува дождовницата.
За зелените површини се грижат работниците што возат електрични возила, а автобуските постојки се опремени со енергетски ефикасни ЛЕД-светла и клупи од бамбус. Тие се само една од низата мерки што Утрехт ги воведе во обид да го подобри квалитетот на воздухот.
Фото: Utrecht Township
Исто така, Утрехт создаде шема што им овозможува на жителите да аплицираат за
финансирање што ќе им овозможи трансформирање на нивните покриви во зелени покриви.
Фото: Utrecht Township