X
 10.03.2023 Живот

Прегоревте на работа? Колку е виновен вашиот шеф за тоа, а колку вие?

Прегорувањето или исцрпеноста е чест синдром на современиот свет, а особено на корпоративниот потсистем.

Постојат различни причини за прегорување и може да им се случи на различни луѓе, но симптомите се секогаш слични.

Прегорувањето не се случува преку ноќ, туку преку континуирано занемарување на грижата за себе. Но, ретко се признава дека постои одговорност и кај работодавците. Имено, секој седми работник доживеал ваков проблем во последната година. Ова го покажало истражување кое опфатило повеќе од 10.000 работници како дел од извештајот на „Асана“ за анатомијата на работата.

Истражувањето го истакна негативното влијание што прегорувањето може да го има врз една организација, при што 70 отсто од директорите на различни позиции велат дека прегорувањето влијае врз нивната способност да донесуваат одлуки.

Дополнително, наодите покажаа дека секој што страда од исцрпеност на работното место има поголем ризик од низок морал (35 отсто); помалку е ангажиран (30 отсто); прави повеќе грешки (27 отсто); и ја напушта компанијата (25 отсто).

Нејасните, нереални цели, преголемите работни обврски и неорганизираноста, како и лошите меѓучовечки односи ја зголемуваат можноста за синдромот на прегорување. Поединците што имаат пониско самоприфаќање кое се компензира преку достигнување, перфекционизам, недоволна компетентност за извршување на задачите и нереални очекувања можат да промовираат појава на синдром на прегорување.

Експертите советуваат тимовите да бидат соодветно екипирани за да се спротивстават на овој проблем, а компаниите треба подобро да го решат балансот помеѓу работата и животот.

Дополнително, лидерите имаат главна улога и можат да моделираат здрава рамнотежа помеѓу работата и животот. Дополнително, се препорачува вработените, директорите и менаџерите на тимовите да работат заедно за да се осигурат културата на прекумерна работа да не се шири.

Меѓутоа, истражувањето покажа дека повеќе од половина (51 отсто) од работниците не се чувствуваат удобно да разговараат со нивниот менаџер за исцрпеноста.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот