X
 05.05.2017 Технологија

Дали би го прифатиле бизарното работно место кое го нуди Фејсбук?

фб
Фото: АР

Фејсбук има проблем - денес, оваа социјална мрежа стана платформа која корисниците ја користат за да емитуваат насилен криминал, сексуални акти, експлоатација на деца и самоубиство.

Марк Цукерберг вети дека во текот на наредната година Фејсбук ќе вработи 3.000 луѓе во тимот за комуникации со заедницата насекаде низ светот - овие 3.000 луѓе се дополнување на тие 4.500 кои ги има сега Фејсбук и кои прегледуваат милиони пријавувања кои ги добива Фејсбук секоја недела, со цел да го подобри процесот. Тој исто така вети дека ќе создаде дополнителна алатка за известување, со што корисниците подобро ќе ѝ асистираат на компанијата во бришењето на навредливи видео клипови.

Со оглед на тоа што сè почести се самоубиствата и со тоа што тие можат да доведат до „зараза“ која би предизвикала последователни самоубиства, овој чекор на Фејсбук е за пофалба. Меѓутоа, Цукерберг не кажува конкретни детали во врска со статусот на вработување, обуката или поддршката за овие дополнителни 3.000 членови на тимот.

Извештаите низ годините покажаа дека многу од најголемите компании земаат ниско платени меѓународни работници кои не ги познаваат добро социјалните обичаи на Америка. Овие луѓе ги гледаат најлошите постови - убиства, самоубиства, со што кај нив се развиваат голем број психолошки проблеми.

Ако е така, тогаш овие работници кои Фејсбук сака да ги вработи за прегледување и отстранување на вознемирувачки видеа ќе бидат само хонорарци, така што компанијата нема да им обезбеди здравствено осигурување, а камоли советување.

Нејасноста во политиката и транспарентноста во обуката може да доведе до инциденти како што беше гафот кога Фејсбук ја отстрани фотографијата добитник на Пулицеровата награда од војната во Виетнам, за веднаш да ја врати после јавните негодувања. Графичкото убиство и самоубиство се интуитивно вознемирувачки во секоја култура, а за модераторите да бидат ефективни е потребно време и ресурси - нешто во кое повеќето компании не се заинтересирани да инвестираат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија