X
 10.06.2022 Живот

Најпогодна брза храна за здравјето и за околината се пржените компири

Еден хот-дог би можел да ве чини 35 минути живот, додека јаткастите плодови би можеле да ви додадат 26 минути живот, покажува истражување спроведено на Универзитетот во Мичиген.

Резултатите од истражувањето оценуваат над 5.800 намирници врз основа на нивните нутритивни вредности и влијанието врз околината. Истражувачите заклучиле дека со замена на само 10 отсто од калориите што ги внесуваме со говедско или преработено место би можеле да го намалиме личниот јаглероден отпечаток кога станува збор за исхраната.

Доколку 10 отсто од месото замениме со овошје, зеленчук, мешунки и одредена морска храна, може да добиеме 48 минути поздрав живот дневно, според истражувачите.


Фото: Pixabay

Истражувачите ги поделиле прехранбените намирници на три групи според нивното влијание врз околината и потенцијалот да предизвикаат здравствени тешкотии при консумирањето. Во групата намирници што треба да се одбегнуваат се преработеното месо, говедското, телешкото, свињското и јагнешкото месо.

Од друга страна, во групата намирници што треба да се внесуваат што почесто се мешунките, јаткастите плодови, семките, овошјето, зеленчукот, целите житарки и морските плодови.

Во „добрата“ група се и сендвичот со путер од кикиритки и џемот, печениот лосос, бананите, авокадото, но и помфритот.

Затоа, најпогодна брза храна за здравјето и околината се пржените компири, според истражувачите.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот