Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека студентите од септември ќе добијат по 250 евра за електронски уреди,
мерка што беше најавена во декември минатата година.
- 250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е студентите да имаат заверен семестар. И ги чекаме овие бруцоши што сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување електронски уреди. Така што веќе во септември ќе се случи тоа. Мислам дека последната бројка е на приватните и државните универзитети е околу 55 илјади студенти, со заверка на семестар ќе може да ги користат овие 250 евра за набавка на електронски уреди од септември - истакна Мицкоски.
Фото: Влада