X
 10.08.2022 Живот

ОН прогласи ново универзално човеково право

Климатските промени веќе влијаат врз голем дел од светското население. Сите проблеми што ги носат тие претставуваат нова граница кога станува збор за човековите права.

Генералното собрание на Обединетите Нации на 28 јули гласало за воведување ново универзално човеково право поврзано со климатските промени. Станува збор за човековото право да се живее во чиста, здрава и одржлива околина.

ОН ги повика земјите, компаниите и меѓународните организации да ги зголемат напорите за реализирање на ова право за сите луѓе.

Декларацијата за новото право не ги обврзува потписничките да го поддржуваат новото право во пракса.

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот