X
 10.09.2023 Живот

Цитати од Чарли Чаплин: „Никогаш нема да најдете виножито ако гледате надолу“

Чарли Чаплин е најголемиот комичар на сите времиња, ѕвезда на немите филмови чии актерски подвизи до ден-денес се ненадминати. Но, надвор од екранот каде што доминираше без ниту еден изговорен збор, Чарли Чаплин го збогати светот со голема мудрост.

Големи чевли, смешно одење во широки панталони и тесна јакна, со бастун и капа - ова е сликата на Чарли Чаплин која ја паметат генерациите.

Иако на денешните тинејџери им звучи чудно кога ќе помислат на поранешните неми црно-бели филмови, во времето кога се снимале овие филмови многу малку требало за луѓето да се насмеат.

Ги избравме овие девет мудрости на големиот Чарли Чаплин:

- Едноставноста е комплицирана за постигнување.
- Животот може да биде прекрасен ако не се плашите од него. Потребна е само храброст, имагинација... и малку тесто.
- Смеењето е тоник, ослободување и спас од болката.
- Никогаш нема да најдете виножито ако гледате надолу.
- Премногу размислуваме, а премалку чувствуваме.
- Најтажното нешто што можам да го замислам е да се навикнеш на луксуз.
- Претпоставувам дека тоа е една од ирониите на животот - правење погрешна работа во вистинско време.
- За што ти треба смисла? Животот е желба, а не смисла!
- Маж е она што жената ќе го направи од него, а жената сама се создава себеси.

Извор: Lolamagazin.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот