X
 28.11.2025 Живот

Јапонски поговорки со важни животни лекции

Јапонските поговорки се кратки, поетски мисли што произлегле од културата, филозофијата и секојдневната мудрост. Тие нудат силен увид во човечката природа, упорноста, односите и текот на животот. Во продолжение ви нудиме неколку важни поговорки:

Нана короби ја оки - „Падни седум пати, стани осмиот“
Оваа поговорка учи на отпорност и на тоа дека падовите не се неуспеси, туку скалила кон успехот. Секое  станување по падот ги зајакнува храброста и карактерот.

Сару мо ки кара очиру - „Дури и мајмуните паѓаат од дрвја“
Никој не е совршен, дури ни најдобрите. Падовите се природни и не треба да бидат причина за срам, туку можност за учење и раст.

Чири мо цумореба јама то нару) - „Дури и правта, кога се собира, станува планина“

Малите напори, кога се акумулираат, водат до големи достигнувања. Поговорката поттикнува на трпеливост, упорност и верба во постепен напредок.

Шипаи ва секоу но мото - „Неуспехот е основа за успех“

Неуспесите поставуваат темели за идни достигнувања. Учењето од грешките води до подобри стратегии и подобра пресметка за идни цели.

Ни усаги во оу моно ва ичи усаги во мо езу - „Оној што гони два зајаци, не фаќа ниту еден“
Фокусот е клучен за успехот. Обидот да се постигнат премногу цели одеднаш доведува до залудно потрошена енергија. Поговорката советува да се изберат приоритетите и целосно да се посветиме на еден пат.

Таде ку муши мо сукизуки – „Постојат инсекти што јадат горчливи растенија“

Секој има различен вкус, преференции и перспективи. Поговорката учи да се прифати и почитува индивидуалноста, поттикнува отворен ум и покажува дека различноста е природна и вредна.

Уо гокоро ареба мизу гокоро – „Ако рибата има намера, и водата ќе има“
Разбирањето и меѓусебната добрина ја одржуваат врската. Добрата волја најчесто се враќа назад. Кога даваме поддршка, почит или добра намера, тоа често се рефлектира кон нас.

Исогаба маваре - „Ако брзаш, сврти“
Брзањето води до грешки и губење на времето. Поговорката учи дека е подобро да се оди по долг, сигурен пат отколку да се одлучиме за кратка, ризична патека. Трпеливото планирање и мирниот пристап водат до постигнување на целта.

Извор: Timesofindia.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот