X
 10.11.2025 Живот

28 години се преправала дека е слепа затоа што не сакала да се поздравува со луѓето

Неверојатна приказна доаѓа од Шпанија -  Кармeн Хименес цели 28 години успешно ги убедувала сите околу себе дека е слепа.

По наводната повреда што ја доживеала, Кармен тврдела дека го изгубила видот и со таа лага живеела речиси три децении.

Измамата била толку уверлива што ѝ поверувале сите, од семејството и пријателите, па сè до нејзиниот сопруг. Но, причината поради која Кармен одлучила да глуми слепило ја шокирала јавноста. Имено, како што самата признала, сето тоа го правела за да не мора да разговара со луѓето што ги среќава на минување.

Денес, на 57 години, Кармен конечно решила да ја признае вистината.

- Се чувствував непријатно кога ќе сретнев луѓе и требаше да ги поздравам. Не сум друштвена личност. Кога им кажав на сите дека сум слепа, ги избегнав тие непријатни ситуации - објаснила Кармен.

Нејзините најблиски тврдат дека понекогаш се сомневале во вистинитоста на нејзината состојба, но никогаш немале конкретен доказ. Сопругот, со кој поминала многу години, изјавил дека повремено забележувал нешта што му изгледале сомнително.

- Понекогаш ја гледав како гледа телевизија и ми се чинеше дека знае што се прикажува. Бев шокиран кога дознав дека не е слепа - вели тој.

Освен што ги шокирала својата фамилија и пријателите, Кармен се соочува и со сериозни правни последици бидејќи со години примала финансиска помош наменета за лица со инвалидитет, а државата сега бара да ги врати сите неосновано примени средства.

Таа признала дека никогаш не сакала друштво и дека ѝ одговарало луѓето да веруваат дека е слепа бидејќи така не морала да комуницира со оние што ѝ биле непријатни.

Извор: Nezavisne.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот