X
 10.12.2020 Живот

„Букварот на Биби“ наскоро влегува во печат

Наскоро во печат влегува „Букварот на Биби“. „Целта е да се направи букварче кое ќе ги врати децата над книгата. Тоа што страниците се исполнети со омилените ликови на децата ќе биде дополнителна мотивација за учење!“, велат од тимот на „Светот на Биби“.

Авторскиот тим на букварот го сочинуваат: писателката Билјана Црвенковска, илустраторот Тхе Мичо и графичката дизајнерка Катарина Пренда.

Во текот на декември, покрај Букварот, ќе излезе цел серијал на едукативни, новогодишни производи. Од сликовници и боенки до новогодишни друштвени игри и карти со предизвици, кои може да ги најдете на svetotnabibi.mk. Целта е 2021 година да ја почнеме со „Светот на Биби“, свет каде што децата учат, се дружат, си играат и растат заедно. Пандемијата нè залепи сите за компјутерите, а овие едукативни игри и сликовници имаат цел да нè одлепат и да обезбедат забава за целото семејство.

Дополнителна новина е и платформата на „Светот на Биби“, каде што регистрацијата ќе биде бесплатна, а ќе може да се гледа и најзабавната новогодишна цртана програма. Односно, на 31 декември во 19:00 часот ви подготвуваме новогодишно изненадување од „Светот на Биби“.

И покрај сè, овој декември ќе можеме да викнеме „Јееј!“ и заедно да ја дочекаме Новата година со нови авантури на Биби, Боби и нивните другарчиња.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот