X
 11.01.2023 Живот

Листа со најмоќните пасоши за 2023 година. На кое место е македонскиот?

Три азиски пасоши на своите сопственици им нудат поголема глобална слобода за патување отколку пасошите на која било друга земја, покажува новиот квартален извештај објавен од лондонската советодавна компанија за глобално државјанство и престој „Хенлеј & партнерс“.

Јапонските граѓани уживаат безвизен пристап до рекордни 193 дестинации низ светот, а веднаш зад нив се Сингапурците и Јужнокорејците, кои можат слободно да посетат 192 држави.

Сега, кога Азија се отвора по ковид-пандемијата, нејзините граѓани имаат поголема веројатност да ја искористат таа слобода за патување.

Глобалното патување сега е на околу 75 отсто од нивото пред пандемијата, покажуваат резултатите од најновото издание на Индексот за пасоши на „Хенли & партнерс“, кое се базира на податоците од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт.

Многу европски земји се наоѓаат близу до врвот. Германија и Шпанија се изедначени, па граѓаните од овие две земји можат слободно да посетат 190 дестинации. Веднаш по нив се Финска, Италија и Луксембург со по 189 дестинации.

Следуваат Австрија, Данска, Холандија и Шведска изедначени на 5. место, додека Франција, Ирска, Португалија и Обединетото Кралство се на 6. место.

Нов Зеланд и САД се на 7. место заедно со Белгија, Норвешка, Швајцарија и Чешка.

На дното на индексот се наоѓаат авганистанските државјани кои можат да пристапат само до 27 земји без виза.

pasos
Фото: Freepik

Македонија се најде на 44. место, а македонските граѓани можат да посетат 125 дестинации без претходно да имаат извадено виза.

Индексот за пасоши на „Хенли“ рангира 199 пасоши според бројот на дестинации до кои нивните сопственици можат да патуваат без претходно да имаат извадено виза. Се ажурира во реално време во текот на годината, како и кога ќе стапат во сила промените во визната политика.

Најдобрите пасоши за 2023 година:


1. Јапонија (193 дестинации)
2. Сингапур, Јужна Кореја (192 дестинации)
3. Германија, Шпанија (190 дестинации)
4. Финска, Италија, Луксембург (189 дестинации)
5. Австрија, Данска, Холандија, Шведска (188 дестинации)
6. Франција, Ирска, Португалија, Обединетото Кралство (187 дестинации)
7. Белгија, Нов Зеланд, Норвешка, Швајцарија, САД, Чешка (186 дестинации)
8. Австралија, Канада, Грција, Малта (185 дестинации)
9. Унгарија, Полска (184 дестинации)
10. Литванија, Словачка (183 дестинации)

Најлошите пасоши во 2023 година:

102. Северна Кореја (40 дестинации)
103. Непал, палестинска територија (38 дестинации)
104. Сомалија (35 дестинации)
105. Јемен (34 дестинации)
106. Пакистан (32 дестинации)
107. Сирија (30 дестинации)
108. Ирак (29 дестинации)
109. Авганистан (27 дестинации)

Деталниот извештај од Индексот можете да го погледнете ТУКА.

Извор: CNN
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот