X
 11.02.2020 Политика

Дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација е нелегална во Швајцарија

Граѓаните на Швајцарија во неделата гласаа за донесување мерка која ќе ја направи нелегална дискриминацијата заснована на сексуалната ориентација.

Швајцарскиот парламент во 2018 година донесе Закон кој ја направи нелегална дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација. Меѓутоа, група противници на овој Закон неодамна собраа доволно потписи за одржување референдум по ова прашање.


Фото: Pixabay

Според резултатите од референдумот одржан во неделата, 63,1% од граѓаните го поддржуваат овој Закон, во споредба со 36,9% што гласале против. Во само три кантони од вкупно 26 во земјата мнозинството гласало против законот.

Според Законот, вработените во ресторани, киносали, базени и јавни места нема да може да им забранат влез на луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација.

Оваа мерка е додаток на закон кој е во сила од 1995 година и кој ја забранува дискриминацијата врз основа на раса или религија. Законот предвидува затворски казни од најмногу три години. Во новата форма Законот ја покрива сексуалната ориентација, но не и родовиот идентитет. 

Извор: time
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика