Кога станува збор за патувањето со авион, повеќето луѓе имаат омилено место за седење. Меѓутоа, малку размислуваме за безбедноста на местото на седење.
Експертот за авијација Даг Друри објаснува кои места се најбезбедни статистички, односно нудат најголеми шанси за преживување во случај на несреќа. Според него, местото на седење не секогаш е важно бидејќи неговата безбедност зависи од карактеристиките на несреќата. Меѓутоа, статистички најбезбедни места се средните седишта во последниот ред од авионот.
Според анализа спроведена од „Тајм“, средните седишта на крајот од авионот имаат најмала стапка на смртност - 28 отсто.
Друри посочува дека средината на авионот не е толку безбедна како што се мисли бидејќи горивото се чува во крилата. Доколку седите напред, ќе бидете меѓу првите што ќе го почувствуваат ударот.
Кога станува збор за положбата на седиштето, средните седишта се најбезбедни бидејќи се седи меѓу двајца други патници кои може да ве заштитат при удар.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Pixabay