Поседувањето јахта е луксуз што не може секој да си го дозволи. Познатиот италијански моден дизајнер Џорџо Армани го подигна својот брод од соништата на следното ниво - дизајнирајќи го самиот, од трупот до ентериерот.
За суперјахтата, која модниот дизајнер ја нарекол „Мејн“ (Главна), биле потребни речиси три години за да се изгради и била изградена во тандем со градежната компанија „Кодекаса“ во 2008 година.
Армани имал визија за суперјахта уште пред да биде изградена
- Понекогаш јахтите им припаѓаа на луѓе што ги познавав, понекогаш беа изнајмени. Тие никогаш не беа мој стил - премногу бело, премногу осветлување, премногу мермер, кристал и махагони. Потоа дојде „Мејн“, која ја дизајнирав целосно, од трупот до ентериерот, и поседува сè што сметав дека е важно за на море, а истовремено го воведува концептот на дом – истакнал дизајнерот.
Карактеристики на суперјахтата на Армани
Првата впечатлива карактеристика на јахтата „Мејн“ е нејзината воено-зелена надворешност. Бојата била наменета да го камуфлира чамецот, да не привлекува многу внимание. Уникатниот избор на бои продолжува во кујната украсена со лакирано стакло. Дури и таванот е обоен во металик сива боја, додека остатокот од бродот изгледа елегантно во темнозелен лак, кој одговара на надворешноста.
Јахтата може да смести до 12 луѓе во своите 7 кабини и 14 члена на екипажот. Гостите можат да уживаат во кинособа, мермерни бањи, фитнес-сала, базен за хидромасажа и палубата за сончање. Суперјахтата има и гаража на долната палуба.
Ролетните и прозорците ги дизајнира Армани за да гарантираат панорамски поглед на главниот ентериер. А всушност минималистичкиот стил на јахтата е постигнат со мебел од италијанскиот бренд „Армани“.
Луксузниот брод вреден 60 милиони долари е управуван од екипаж кој носи униформи, кои вклучуваат морнарски бермуди и беж-маици со логото на „Армани“. Гостите на јахтата имаат кодекс на облекување кој е задолжителен за сите патници.
Луксузот на јахтата „Мејн“ навистина одговара на величественоста на модната икона и на сето она што го носи неговото име.
Извор: forbes.n1info.hr
Фото: YouTube screenshot