X
 11.03.2025 Живот

Овој сообраќаен знак збунува 99 отсто од возачите – дали знаете што значи?

Познавањето на сообраќајните правила е клучно за секој што сака да вози. Но, дали навистина се сеќавате на сите знаци по многу години откако сте ги положиле теоретскиот и практичниот испит?

Сообраќајните знаци не се само за тестирање, туку се неопходни за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. На пример, ако не знаете што значи бројот „40“ во црвен круг, не само што можете да загрозите други луѓе, туку и да си навлечете сериозни правни последици.

Но, дали навистина сите возачи се сеќаваат на значењето на секој знак? На социјалната мрежа „Редит“ еден корисник се пожали дека постои знак кој многумина не го разбираат. Според него, дури 99 отсто од возачите не знаат што значи.

За кој знак станува збор?

Овој знак е широко распространет низ Обединетото Кралство. Станува збор за бел круг со црна дијагонална линија.

- Сигурен сум дека 99 отсто од возачите немаат поим што значи овој знак - пишува еден возач на „Редит“.

 
Дали знаете што значи овој знак?

Иако некои возачи веднаш би одговориле дека им е познат, многумина очигледно не го разбираат правилно.

Според официјалните информации од британската влада, овој знак означува дека на таа делница важи „националното ограничување на брзината, во зависност од типот на патот и возилото“.

Според „Рак лимитед“, британска компанија за автомобилски услуги со седиште во Волсол, Западен Мидлендс, знакот го поништува претходното ограничување на брзината, на пример, ако сте поминале низ зона со привремени градежни работи со пониско ограничување.

Но, иако знакот ја означува максималната дозволена брзина, тоа не значи дека секогаш треба да возите толку брзо. Правилото е јасно: безбедноста е поважна од брзината.

Извор: LADbible.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот