X
 11.08.2020 Живот

Фотограф фатил магичен момент од стотици светулки во јапонска шума

Постои природен феномен што се појавува во текот на летото во Јапонија - од јуни светулките од видот химе-хотару ги осветлуваат шумите и прават тие да изгледаат како ноќно небо.

Јапонскиот фотограф и уметник Јутака Кагаја неодамна направил фотографија од овој природен феномен.



За нас, светулките изгледаат прекрасно, но нивните светла имаат и биолошко значење. Осветлувањето истовремено е сигнал за размножување, а секој вид има посебен начин на светење со кој се препознаваат светулките од истиот вид, а од спротивниот пол.

За жал, бројот на овој вид светулки се намалува, па Кагаја навистина имал среќа кога ги забележал овие стотици светулки во шумата.

Автор: Ема Тагарт
Извор: mymodernmet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот