X
 11.09.2018 Живот

Продавниците во оваа земја нема да работат во недела

Новата италијанска влада до крајот на годината ќе воведе забрана за работа во недела во големите трговски центри.

На тој начин владата настојува да ја заштити традицијата на семејното собирање во недела, вели заменик-премиерот Луиџи ди Мајо.

Тој објасни дека нема сите продавниците да бидат затворени во недела: според неговиот предлог, една од четири продавници ќе може да работи во недела, а продавниците ќе можат да се менуваат за да бидат меѓу 25 отсто.

Ограничувањата ќе важат за најголемите продавници и за време на државни празници. Иако Ди Мајо тврди дека со овој потег вработените нема да бидат принудени да работат постојано, трговците велат дека тоа би можело да доведе до голем број откази.

недела
Фото: Ilustracija


Извршниот директор на синџирот супермаркети „Конад“, Франческо Пугилезе, процени дека дури 50.000 работни места би можеле да бидат изложени на ризик само во неговите продавници, додека Федерацијата на здруженија на големи трговци на Италија предупреди дека ограничувањето на тргувањето во недела ќе биде хендикеп за целиот сектор во услови на жестока конкуренција од онлајн-продавниците.

Настојувајќи да се поттикне економскиот развој во оваа земја, италијанскиот премиер Марио Монти во 2012 година го либерализира купувањето во трговските центри во недела, и покрај притисокот на Католичката црква и синдикатот, кои се залагале за одржување на семејните традиции.

- Оваа либерализација ги уништува италијанските семејства. Мораме повторно да го ограничиме работното време во трговските центри - изјави тој за новинарите.

На почетокот на годината конзервативната полска влада ја ограничи работата на центрите во недела.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот