X
 11.09.2022 Здравје

Квалитетот на сонот е силен индикатор за животниот век

Квалитетниот сон несомнено е многу важен за целокупното здравје на човекот. Ново истражување покажува дека прекинувањето на навиките на спиење и нередовното спиење може да бидат одредувачки фактори во скратувањето на животниот век на човекот.

Во истражувањето биле анализирани вкупно 12.000 студии за спиењето, а истражувачите направиле модел со кој може да ја предвидат „спиечката старост“ на луѓето. Нивната цел била да создадат систем кој ќе ја одреди спиечката старост на луѓето и ќе ги посочи навиките во спиењето кои најчесто се поврзуваат со смртноста. Спиечката старост се дефинира како очекувана возраст која одговара со здравјето на човекот врз основа на квалитетот на неговиот сон.

Истражувачите заклучиле дека несвесното будење во текот на спиењето е најголем предвидувач на смртноста, односно има најголемо негативно влијание врз здравјето на човекот.

Сепак, научниците посочуваат дека не е јасно како будењето влијае врз здравјето, иако се гледа врска меѓу нив. Истражувачите сега работат со 250.000 испитаници за да соберат повеќе податоци на темата и подобро да ја разберат врската. Освен тоа, следното истражување ќе се обиде да открие дали квалитетот на сон може да го зголеми или намали ризикот од срцев удар и Алцхајмерова болест.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје