X
 11.11.2019 Живот

Арапски изреки - Мирната душа е најудобната постела за телото

Мирната душа е најудобната постела за телото.

„Можно е“ го прашува „невозможно е“ каде живееш?: „ во соништата на неспособните“

Куќа без книги е куќа без душа.

Најлошото што може да му се случи на еден човек е да остане без работа и да не сака нкого.

Насмевката е убав збор, без букви.

Немој многу да размислуваш за она што си го изгубил, за да не го изгубиш она што го имаш.

Искството е чешел кој ти го подарува животот кога ќе ти опадне косата.

Срцето е просторија, устата е брава, а јазикот клуч- секој човек нека внимава на  клучот од својата тајна .

Можам да ти купам капа, но не и памет.

Јас султан,ти султан... кој ќе носи вода?

Лесно е луѓето да те ценат,но тешко е ти самиот да се цениш.

Богат е оној кој не е должен, млад е оној кој е здрав.

Некои жени мислат дека бракот е најдобар начин да им се одмаздат на мажите.

Подобро двапати да прашаш, отколку еднаш да погрешиш.

Лесно е да се биде паметен кога ќе помине време.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот