X
 13.08.2018 Живот

Прашања што ќе го ослободат вашиот ум од негативностите

Негативноста често пати се создава не од одговорите што ги добиваме од овој свет, туку од прашањата што си ги поставуваме сами на себе секој ден.

Доколку поставите негативни прашања, ќе добиете негативни одговори. Не постојат позитивни одговори на прашања како:

Зошто јас?

Зошто јас не?

Што ако не сум доволно добра/добар?


Размислете. Дали сакате некој да ви го постави овие ужасни прашања кои понекогаш си ги поставувате сами на себе? Затоа престанете и заменете ги со прашања кои ќе ве однесат во позитивна насока. Еве неколку идеи со кои можете да започнете.

1. За што сте денес благодарни и позитивни? - Вашето најголемо оружје против негативноста е можноста да изберете една мисла. Среќата бега од оние што одбиваат да го гледаат доброто во тоа што го имаат. Кога животот ви дава причина да бидете негативни, размислувајте позитивно.

2. За кој проблем сте благодарни бидејќи го немате? - Насмевнете се; не затоа што животот е лесен или затоа што е таков каков што сте очекувале, туку затоа што сте се одлучиле да бидете среќни и благодарни за сите работи што ги имате и за сите проблеми што ги немате.

3. Што е тоа до кое се држите, а морате да го пуштите? Често пати држењето до нешто нè прави послаби, а пуштањето на тоа нешто ја зголемува нашата сила.

4. На кого му е потребно вашето простување?
- Простувањето не води секогаш до здрави врски и ситуации. Некои врски и ситуации не биле судени. Сепак, простете и оставете да биде онака како што е. Простувањето е единствениот начин за да се реши таа врска и да се ослободите.

5. Која е правилната работа што треба да ја направите? - Само затоа што можете не значи дека треба. Само затоа што е лесно не значи дека е вредно. Направете го она што е правилно, а не она што е лесно.

6. Дали би можеле да направите нешто убаво за некој друг? - Правете колку што можете повеќе добро, за колку што можете повеќе луѓе и колку што можете почесто.

7. Кои комплименти сте ги добиле во последно време? - Запомнете, пеперутките не ја знаат бојата на нивните крилја, меѓутоа, човечкото око знае колку се прекрасни. Кога некој ќе каже нешто убаво за вас, вреди да се запомни.

8. Во што знаете дека сте најдобри?
- Иако е убаво да се чујат комплименти од другите луѓе, добро би било кога ќе си дадете комплименти сами на себе. Вие сте доволно добри, доволно паметни и доволно силни. Не ви се потребни другите луѓе да ве вреднуваат секоја минута, вие сте вредни секогаш!

9. Што би направиле различно ако знаевте дека никој нема да ве осудува? - Да бидеме искрени, не можете да им угодите на сите и не треба да се обидувате. Не грижете се за тоа што луѓето ќе кажат за вас, смејте се почесто и оставете ги негативните судења.

10. Кои активности ви помагаат да се чувствувате како свои? - Со други зборови, откријте што ве мотивира да пораснете во најавтентичната личност.

11. Што ве возбудува во животот? - Размислете... ако навистина сакате да бидете возбудени, што би ве возбудило? Откријте го тоа и фокусирајте се на него почесто.

12. Кои изговори треба да престанете да ги измислувате?
- Како што еднаш Џорџ Вашингтон рекол: „Подобро е да не понудите никакви изговори, отколку лош изговор“. Ништо не може да биде поблизу и подобро од вистината. Ако сте добри во измислување изговори, тогаш нема да бидете добри во ништо друго.

13. Ако учите од грешките, тогаш зошто секогаш се плашите да направите грешка? - Ако сакате да направите нешто правилно, треба да направите многу грешки и да ги прифатите непријатностите што доаѓаат со нив. Можеби звучи лудо, меѓутоа, вреди затоа што грешките ве прават попаметни, а непријатноста ве прави посилни.

14. Кога неочекуваното беше подобро од она што сте го очекувале? - Кога нешто ќе тргне на лошо во вашиот живот, обидете се да се адаптирате. Нема секогаш да го добиете она што сте го планирале во животот, меѓутоа, порано или подоцна ќе стигнете онаму каде што треба да бидете.

15. Што знаете подобро за следниот пат?
- Не дозволувајте стравот од минатите настани да влијае врз резултатите во вашата иднина. Живејте за тоа што сегашноста има да ви го понуди, а не што минатото ви зело.

16. Кој е следниот чекор од тука? -
Секој недобредојден настан, личност или ситуација е само чекор до следниот успех.

17. Што е бесценето во врска со овој момент? -
Истакнете се, но немојте да брзате. Немојте да ја губите сезоната од вашиот живот само затоа што сакате да започне следната. Секогаш има нешто убаво во тоа да чекате нешто да дојде.

18. Кога беше последниот пат кога го забележавте звукот на вашето сопствено дишење?
- Релаксирајте се. Имате доволно и вие сте доволни. Правите доволно. Дишете, и живејте во моментот.

19. Со кој/што треба да поминете помалку време? - Постојат над 7 милијарда луѓе во светот; немојте да дозволите негативните да ја уништат вашата среќа. Не можете да изберете со кои луѓе ќе се сретнете во животот, но можете да изберете со кои ќе го поминете вашето време.

20. Како минатиот неуспех влијае врз вашата самодоверба?
- Не дозволувајте неуспехот и одбивањето да бидат постојано во вашата глава. Сфатете дека понекогаш мора да се обидете да го направите она што мислите дека не можете да го направите за да сфатите дека всушност МОЖЕТЕ. Понекогаш се потребни повеќе од еден обид.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот