X
 11.12.2019 Живот

Земјите каде што луѓето најмногу спијат, најмалку работат и имаат најдолг животен век

Често слушаме за воспоставување рамнотежа помеѓу работата и животот, но тешко кој ја достигнува, со оглед на високите трошоци во големите градови.

Исто така, тешко е да се одлучи што точно значи рамнотежа меѓу работата и животот. Преминувањето на статусот „хонорарен работник“ или работа со флексибилно работно време може да изгледа доста привлечно, но ваквата организација на деловни активности често не е изводлива за повеќето професии.

Ако ве интересира кои народи успеваат најдобро да воспостават рамнотежа меѓу работата и слободното време, погледнете ги резултатите од новото истражување. Параметрите што биле земени предвид за рангирање на земјите вклучуваат просечен број на работни часа неделно, должина на годишен одмор, процент на жители кои имаат непречен сон во текот на ноќта, должината на животниот век и чувството на среќа кај испитаниците во секоја земја што била опфатена во Индексот за животен стил на компанијата „Слип Џанкис“.

Луксембург се најде на самиот врв, меѓу другото, благодарение на системот во кој работодавците ги наградуваат вработените со тоа што им даваат подолг годишен одмор како што стареат. Така, работниците постари од 55 години во оваа земја во просек имаат 36 дена платено годишно отсуство. Австрија и Данска се најдоа на второто и третото место. И двете земји на работниците им даваат по 25 дена платен одмор.

1
Фото: Sleep Junkie


Што се однесува до останатите, ова се земјите чии жители најмногу уживаат во животот:

Луксембург
Австрија
Данска
Норвешка
Финска
Шведска
Франција
Белорусија
Холандија
Швајцарија

Велика Британија се најде на 17. место благодарение на просечните работни часа - 36 часа неделно, и релативно високиот животен век, 81,2 година.

2
Фото: Sleep Junkie


Од друга страна, Кина, Мексико и Малезија не покажаа добри резултати и се исклучително лошо рангирани бидејќи во сите три земји во просек се работи по 46 часа неделно. Со оглед на тоа што работното време е значително подолго, би очекувале вработените да добијат повеќе слободно време, но воопшто не е така, бидејќи во Кина се добиваат само 5 дена годишен одмор, во Мексико 6, а во Малезија 8.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот