X
 23.02.2022 Технологија

Кои земји се најголеми корисници на криптовалути?

Извештај од платформата за податоци во блокчејн „Чејнанализис“ покажува кои земји се најголеми корисници на криптовалути во светот. Анализата ги споредува вредностите на трансакциите со куповната моќ и става посебен фокус на плаќањата од страна на поединците.

Виетнам е убедлив победник со големи бодови во вкупната вредност на крипто-трансакциите, како и на плаќањата помеѓу поединците. Вредноста на примените трансакции не била многу под онаа на многу поголемата Индија. Во Виетнам криптовалутите се користат и како инвестициска алатка, како и во други земји во развој, што е една од причините за нивната популарност.


Фото: Statista

На листата со земји што користат криптовалути се и Венецуела, Аргентина и Турција. Меѓутоа, во овие земји лицата купуваат криптовалути како метод за заштеда кога паѓа вредноста на нивните локални валути.

Нигерија и Кенија биле рангирани високо на листата во поглед на земјите во кои се користат криптовалути за меѓусебни плаќања. Африканските земји водат во усвојувањето на иновативните начини на плаќање со кои се одбегнуваат банкарските трансфери.

Меѓу развиените земји, користењето на криптовалути е најпопуларно во САД, Велика Британија, Канада, Јужноафриканска Република и Австралија. Економиите во развој како Индија, Кина и Бразил исто така се големи корисници, но и Русија и Украина.

Извори: Smartlife | Statista
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија