Норвешкиот истражувач Роалд Амундсен го прелетал Северниот Пол со цепелинот „Норге“ во 1926 година, што беше прво официјално патување од ваков вид.
Речиси еден век подоцна, оваа авантура би можела да се повтори благодарение на шведската компанија „Оушнскај крузес“, која во последните неколку години работи на развој на летечки брод „полесен од воздухот“ кој ќе може да лета со денови до некои од најоддалечените локации во светот.
Оригиналниот цепелин „Норге“ бил направен во Италија од армиран алуминиум покриен со гумен материјал, во кој имало огромен балон исполнет со водород.
Фото:АВАСА
Кога ќе биде претставен новиот цепелин?
Во суштина, визијата е цепелинот да биде лебдечки луксузен хотел, а првичните фотографии го покажуваат потенцијалот за панорамски прозорци, пространа кабина, дневен и трпезариски простор, па дури и бар на бродот. Прилично полуксузно од она што го имал Амундсен.
За разлика од авионите, кабината на цепелинот нема да биде под притисок, што значи помалку бучава и одлично работење при ниски и бавни летови.
Фото:АВАСА
Компанијата соработува со искусната компанија за патувања и јахти „Пелорус“. Нивната заедничка цел е да воведат нова ера на патување за пристап до некои од најоддалечените и внимателно зачувани делови на светот.
Првиот лет е планиран за 2024 година, а цената се движи од 190.000 евра.
Фото: АВАСА
- Експедицијата на Северниот Пол е наменета за патници кои сакаат да го искусат Арктикот на уникатен начин, а истовремено да придонесат за развој на одржливото патување - изјави Карл-Оскар Лавашек, основач и извршен директор на компанијата.