X
 12.01.2023 Живот

Европски суд на правдата: На туристите делумно треба да им се рефундираат парите изгубени поради ковид-мерките

Патниците чии пакет-аранжмани пропаднаа поради мерките воведени поради пандемијата на ковид-19 ќе можат да добијат барем делумно враќање на тие пари, соопшти денеска највисокиот суд на Европската Унија.

Одлуката на Европскиот суд на правдата уследи откако судот во Минхен побара мислење за двајца туристи кои купиле двонеделен аранжман на шпанскиот остров Гран Канарија, почнувајќи од 13 март 2020 година, за време на пандемијата во Европа.

Поради воведените ограничувања и порано враќање дома, туристите побараа намалување на цената на аранжманот за 70 отсто.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот