X
 12.03.2019 Живот

Наскоро ќе биде отворен еден од најзелените аеродроми во светот

Додека забрзано се изведуваат завршните работи, сопствениците овој викенд свечено го објавија датумот на отворање на новата аеродромска зграда, за која очекуваат дека ќе стане една од најголемите туристички атракции во Сингапур.

Аеродромот „Џевел Чанги“ е дело на архитектот Моше Сафдие, кој го замислил како „магична градина“. Површината на зградата опфаќа 130.000 квадратни метри, а цената на изградбата е околу 1,1 милијарда евра.

- Сакав да истражувам нов вид на урбан простор во кој ќе влезете без размислување, во кој има шопинг, а истовремено е и градина - вели Сафдие.

aerodrom

Најимпресивниот елемент на новиот аеродром веројатно ќе биде најголемиот водопад на затворено, висок речиси 40 метри. Освен тоа, аеродромот ќе има и „шумска долина“, градина на четири ката преполна со патеки за прошетки, а сите 22.000 квадратни метри ќе бидат преполни со разновидни растенија. Заедно со градините, аеродромот ќе располага и со 280 продавници, ресторан и хотел за 130 лица.

Аеродромот „Џевел Чанги“ и пред најавата за изградба на новиот терминал се сметаше за еден од најдобрите во светот - последните шест години постојано беше на првото место на листата „Скајтракс“. На аеродромот годишно доаѓаат 60 милиони патници, што го сместува во топ-20 најфреквентните аеродроми во светот и седми по бројот на меѓународни патници.

2

Освен што новата зграда ќе овозможи капацитет за уште повеќе патници, нејзиниот зелен дизајн ќе помогне да се вклопи во туристичкиот концепт на Сингапур што се претставува како „Град во градина“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот