X
 12.05.2021 Образование

Царовска: Протестите се уставно право, но реформата продолжува

Министерката за образование и наука Мила Царовска смета дека најавените протести и иницијативата за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право, но истакна дека реформата ќе продолжи за во фокусот на образованието да се стават ученикот и неговите потреби, затоа што таа не само што не е избрзана, туку можеби и задоцнета.

Царовска вели дека резултати од новата образовна концепција може да се очекуваат по пет-шест години.

- Сè се тоа уставно загарантирани права. Од иницијативата ги поставија барањата, ние како МОН имавме средба со нив, им одговоривме на нивните барања, кои главно се однесуваат на тоа да се исклучи родовата еднаквост од образовниот систем. За тоа има закони кои се поминати во Собранието и гласани од сите политички партии, што значи дека има консензус за почитување на родовата рамноправност, што е и уставно загарантирано право и треба да биде дел од образовниот систем. Сметам дека одговорите што ги добија во иницијативата ќе ги разгледаат и ќе расправаат за нив - рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на училиштето „11 Октомври“.

Изјавата на Царовска следува откако иницијативата „Учебници и настава мора да има“ најави мирни протести, бидејќи, како што велат, Министерството немало слух за нивните барања. Дел од барањата на иницијативата се хартиените учебници да останат во употреба за сите одделенија во основното и во средното образование, да се исклучи сеопфатно родово сензитивно образование за основците, етика на религиите да остане изборен предмет, да не се спојуваат два или повеќе предмети во еден, да се аргументира кратењето на фондот на часови по одредени предмети и други.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование