X
 12.05.2021 Здравје

Петтина од закажаните за ковид-вакцина не се појавиле на вакцинација

Околу 20% од граѓаните што имале термин за вакцина против ковид-19 не се појавиле во вакциналниот пункт. Од Министерството за здравство велат дека граѓаните и покрај закажаниот термин, не се вакцинирале од различни причини, а најчесто поради тоа што не се чувствувале добро и имале други здравствени проблеми.

- Граѓаните можат веднаш, односно во секое време повторно да се пријават на веб-страницата vakcinacija.mk доколку сакаат да се вакцинираат - велат од Министерството за здравство.
За граѓаните што првата доза од вакцината ја примија во Србија, од Министерството за здравство велат дека деновиве ќе излезат со насоки како да се пријават за да ја примат втората доза, а ќе бидат дадени насоки за оние што се помлади од 60 години и се вакцинирале со вакцината на „Астра Зенека“.

Според последните податоци од Министерството за здравство, првата доза на вакцината досега ја примиле 160.425 граѓани, а со две дози се вакцинирани 24.851.
Подготвил: Е.Б.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје