X
 12.06.2025 Здравје

Предупредувачки знаци за Паркинсоновата болест може да се најдат во устата

Ново истражување посочува дека промените во бактериите во устата и цревата кај пациенти со Паркинсонова болест би можеле да послужат како ран предупредувачки знак за влошување на симптомите.

Научниците користеле вештачка интелигенција (ВИ) за да поврзат специфични бактериски промени со когнитивниот пад, вклучувајќи проблеми со меморијата и учењето, кај пациенти со Паркинсонова болест.

Студијата, предводена од Кралскиот колеџ во Лондон, анализирала примероци од плунка и столица од пациенти со Паркинсонова болест, со благи когнитивни нарушувања и деменција, како и здрави лица, откривајќи повеќе штетни бактерии во цревата на оние со когнитивни нарушувања.

Истражувачите идентификувале токсини ослободени од овие бактерии кои можат да го оштетат цревното ткиво, да поттикнат воспаление и потенцијално да влијаат врз мозокот, што укажува дека овие токсини би можеле да се користат како маркери за идентификување на пациенти со Паркинсонова болест, кои се изложени на поголем ризик од развој на деменција.

Студијата покажува дека одржувањето на здравјето на устата и цревата преку постојана орална нега, балансирана исхрана и насочени пробиотски интервенции, би можело да го подобри управувањето со Паркинсоновата болест, потенцијално забавувајќи ги невродегенеративните процеси.

Извор: independent.co.uk

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје