X
 12.07.2023 Живот

Потрошувачки кредит за пензионери - нова промотивна понуда од Шпаркасе банка

Шпаркасе банка, водејќи се од потребите на своите клиенти, подготви потрошувачки кредит за пензионери со специјални услови.

Станува збор за потрошувачки кредит скроен за потребите на секој пензионер.
Кредитот за пензионери е без административен трошок и без трошок за апликација, со рок на отплата до 95 месеци и со износ до 750.000 денари. Кредитот е со фиксна каматна стапка од 7,2% за целиот период на отплата, а во понудата е вклучена и полиса за животно/неживотно осигурување.

Исто така, на секој пензионер што ќе аплицира за потрошувачкиот кредит му следуваат дополнителни поволности во текот на промотивниот период, и тоа: дебитна картичка и мобилна банка бесплатно за првите 6 месеци, без членарина за првата година за кредитна картичка, како и пречекорување без надоместок за управување за првата година.

Остануваме и понатаму целосно посветени на желбите на клиентите, изготвувајќи поволни понуди приспособени на потребите на сите возрасни групи. На тој начин заеднички работиме и веруваме во подобра иднина за сите.

Шпаркасе банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе банка и Шпаркасе лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот