X
 04.03.2025 Живот

Шпаркасе Банка најавува нова поволност за сите Vibe On корисници - платформа за кариерен раст за млади наречена Vibe Up

Шпаркасе Банка АД Скопје со гордост го најавува лансирањето на Vibe Up првата едукативна платформа за кариерен раст во Македонија. Оваа платформа е дизајнирана да ја зголеми вработливоста на младите во земјата, обезбедувајќи им релевантни вештини и алатки и знаење, кои ќе ги издвојат на конкурентниот пазар на труд. Нејзината мисија е да ги инспирира и да ги оспособи индивидуите да го достигнат својот кариерен потенцијал и да ги остварат своите професионални амбиции, а на тој начин и да се создаде квалитетен кадар за компаниите, со што се зајакнуваат заедницата и економијата.



Платформата има 13 курса за градење професионални вештини, креирани од врвни домашни и меѓународни експерти. Платформата е бесплатна и достапна ексклузивно само за Vibe On корисниците на Шпаркасе Банка.





Што добиваат младите преку платформата Vibe Up?

• Неограничен пристап до 13 практични курсеви: Стекнување знаење во различни области.
• Платформа создадена специјално за млади: Интуитивен и лесен за користење интерфејс.
• Модерни вештини за пазарот на трудот: Креативност, дизајн размислување и иновација, емоционална интелигенција, невронаука на убедувањето и многу повеќе.
• Поврзување со ментори и компании: Можност за вмрежување со експерти од различни индустрии.
• Можност за професионален напредок: Кариерни алатки и совети за градење успешна кариера.
• Персонализирано искуство и бесплатна поддршка за развој на кариера: Индивидуален пристап и континуирана поддршка.
• Сертификат за завршен курс



Во ерата на вештачката интелигенција, меките вештини како креативност, емпатија и критичко размислување се клучни за успех. Затоа, платформата нуди курсеви за нивен развој, а младите ќе имаат можност да учат од врвни експерти, да се поврзуваат со ментори и да градат мрежа на контакти, подготвувајќи се за предизвиците на иднината.

-Шпаркасе Банка е препознаена како банка за млади и тоа за нас значи гордост, но и огромна одговорност. Активно вложуваме во иднината на младите и со таа цел во континуитет создаваме проекти со трајни вредности за младите генерации. VIBE UP ќе им овозможи на младите да се стекнат со знаења и вештини и подготвеност да пристапат на пазарот на труд остварувајќи си ги своите кариерни аспирации - изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка.



VIBE UP платформата за кариерен раст е дел од VIBE ON концептот за млади на Шпаркасе Банка, кој денес нуди низа поволности какви што се финансиска едукација за млади, платформа за кариерен раст, настани и работилници за млади, низа попусти за млади, како и бесплатни банкарски производи што се креирани на начин да ги задоволат специфичните потреби на младите, кои се иматели на VIBE ON пакетот за млади и ја поседуваат портокаловата картичка.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот