X
 12.12.2019 Живот

„Гугл“ откри кои беа најпребаруваните прашања и фрази за 2019 година

„Игра на тронови“, Кејтлин Џенер, Светското првенство во рагби и „Област 51“, како да се јаде ананас - ова се некои од фразите и прашањата што сте ги пребарувале на „Гугл“ во 2019 година.

Светското првенство во рагби што го освои Јужна Африка откако ја победи Англија во финалето се најде на врвот на листата со пребарувања во Велика Британија.

„Што е Област 51“ и „Како се изговара псалм“ беа меѓу топ-прашањата што сте ги поставиле на „Гугл“ оваа година.

За оние што се прашуваат, Област 51 е врвна тајна американска база на воздухопловни сили за која голем број луѓе веруваат дека е дом на вонземјани.

Во јули американските воздухопловни сили ги предупредија луѓето да не одат во близина на областа, откако милион луѓе се пријавија дека ќе одат на настан на „Фејсбук“ наречен „Влезете во Област 51, не можат да нè запрат сите“.

Псалм е името на четвртото дете на Ким Кадрашијан-Вест и Канје Вест. Се изговара со тивко „п“.

Јавноста беше заинтересирана и за тоа како да гледа големи настани и како да учествува во политика.

„Како да го гледам финалето на Лигата на шампиони“, „Како да го гледам Кси против Логан“ и „Како да се регистрирам за да гласам“ беа неколку од најчесто поставените прашања на „Гугл“.

„Љубовен остров“ се најде на третото место на најбараните ТВ-емисии.

Погледнете некои од најпребаруваните прашања:

1
Фото: ITV/Getty Images


Како...

Како да го гледам финалето во Лига на шампионите
Како да ја гледам „Игра на троновите“
Како се изговара псалм
Како да го гледам Кси против Логан
Како да гласам на европските избори
Како се јаде ананас
Како да се регистрирам за гласање
Како да скротам лисица во „Мајнкрафт“
Како да го гледам „Чернобил“

Што е...

Што е Област 51
Што е денот Д
Што е законот на Фин
Што е Член 13
Што е Ви-ес-си-о девојка

Познати личности

Кејтлин Џенер
Џејмс Чарлс
Принцот Ендру
Томи Фјури
Борис Џонсон
Адел Робертс
Лиам Нисон
Р. Кели
Надин Којл

Општа листа со најпребарувани поими:

1. Дизни плус
2. Камерон Бојс (смртта на глумецот)
3. Нипси Хасл (убиството на раперот)
4. Ураганот Доријан
5. Антонио Браун (обвиненијата за силување против него)
6. Смртта на Лук Пери,
7, „Одмаздници: Завршница“
8. „Игра на троновите“
9. „Ајфон 11“, и
10. Наводниот физички напад врз Џуси Смолет.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот