X
 12.10.2021 Живот

Факултетот за ветеринарна медицина награден на најголемиот саем за агробизнис во Југоисточна Европа

На  88. Меѓународен саем за земјоделство, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје го освои специјално признание за меѓународен придонес во агробизнисот, при оценувањето на квалитетот на услугите како високобразовна и научноистражувачка институција во категоријата најдобри во aгробизнисот. 

 

Покрај наградата што ја освои Факултетот, специјална награда му беше доделена и лично на проф. д-р Лазо Пендовски за развој на едукативно-истражувачките капацитети и лаборатории по ИСО 17025 на Факултетот, за заштитата на здравјето на животните и безбедноста на јавното здравје.

Саемот што се одржа во Нови Сад беше најголемиот саем за агробизнис во Југоисточна Европа, на кој се собраа повеќе од 800 излагачи од 17 земји.  


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот