X
 12.12.2018 Живот

Оваа земја забрани продажба на жолти елеци поради страв од протести

Египетските безбедносни службеници и трговците на мало истакнаа дека египетските власти ја ограничиле продажбата на жолтите елеци.

Властите стравуваат дека опозицијата би можела да ги копира француските демонстранти во текот на јануарската годишнина од народното востание со кое во 2011 година беше симнат од власт Хосни Мубарак.

На дистрибутерите на безбедносна опрема им било наложено да не им продаваат жолти елеци на минливи купувачи, туку само на проверени компании и само со полициска дозвола за купување.

Безбедносни службеници истакнаа дека ограничувањата ќе бидат во сила до крајот на јануари. Од египетското министерство за внатрешни работи не одговараат на прашања поврзани со жолтите елеци.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот