Секоја зима на социјалните мрежи се појавуваат неверојатни видеа на кои луѓето се обидуваат да го искористат студеното време претворајќи ја водата што врие во неверојатни кристали од мраз.
Како жешката вода се претвора во замрзнати кристали кога е студено?
Според „Нешнл џиографик“, овој феномен се појавува затоа што врелата вода е блиску до точката на испарување.
- Бидејќи се жешки, малите капки вода почнуваат да испаруваат. Но, бидејќи студениот воздух не може да задржи толку многу водена пареа, водата кондензира. Екстремно
ниските температури брзо ги замрзнуваат капките вода, кои паѓаат како ледени кристали - пишува „Нешнл џиографик“.
Но, за да ви успее овој експеримент, треба да биде прилично студено онаму каде што се наоѓате, -26 Целзиусови степени или пониска температура. Важно е да не се обидувате да го правите ова ако ветрот дува кон вас.
Ако ветрот и времето одат во ваша корист, и ако е зајдисонце или изгрејсонце, тогаш светлината ќе биде добра и ќе направите совршена фотографија.
Фото:
Instagram