X
 13.03.2022 Здравје

Оптимистите имаат поздрав и подолг живот, велат научниците

Луѓето што го гледаат светот низ розови очила имаат поголеми шанси да живеат поздрав и подолг живот затоа што се соочуваат со помалку стресни моменти, покажува ново истражување.

Научниците откриле дека оптимистите се во подобра состојба кога станува збор за емоциите бидејќи имале помалку стресни настани во секојдневието од песимистите. Според истражувачите, оптимистите ги одбегнуваат аргументите и ситуациите кои може да бидат стресни или едноставно одбиваат да се нервираат за таквите ситуации.

Поврзаноста помеѓу оптимизмот и поздравиот и подолг живот била покажана и во претходни истражувања, но научниците не разбирале зошто ваквиот став придонесува за поздраво стареење.


Фото: Freepik

Левина Ли, клинички психолог и професор на Бостонскиот универзитет, и колегите анализирале анкети за нивото на оптимизмот во кои учествувале мажи постари од 21 година. Тие очекувале да откријат дека оптимистите полесно заздравувале од стресни ситуации, но тоа не било случајот.

Тие откриле дека оптимистите известиле за помалку стресни ситуации во животот, што покажува дека тие поретко се среќаваат со нив или не ги гледаат тие ситуации како стресни, според Ли.

Соодветно на заклучоците, Ли советува менување на пристапот кон секојдневните ситуации за да се намали стресот. Оптимистичкото размислување не значи игнорирање на ризиците, туку препознавање на силните страни за да се добие позитивен и самоуверен поглед на работите, вели таа.

Извор: The guardian
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје