X
 13.04.2017 Живот

Како да станете посамоуверена личност?

Често во животот, особено додека сме помлади се соочуваме со чувство на несигурност. Се плашиме да преземеме ризици и да донесуваме важни одлуки. Со текот на времето и зреењето, би требало тоа да се промени, а самодовербата да се зголеми.


Фото: Freepik

Ова се неколку начини на кои може да развиете размилсување кое најчесто е застапено кај самоуверените луѓе.

1. Дефинирајте ја вашата цел

Што сакате да правите во животот и што сакате да работите? Откако ќе знаете што е точно она што го сакате, полесно ќе ви биде и да работите кон негово остварување.

2. Избегнете споредување со другите


Ако ова го правите може да се соочите со размислување дека не сте доволно добри. Единствена личност со која треба да се споредите е верзијата од себеси која сакате да бидете.

3. Фокусирајте се на решенијата


Секогаш ќе има предизвици. Но, ако се концентрирате само на проблемите, тогаш веднаш губите. Наместо тоа, идентификувајте го проблемот и потоа фокусирајте се на пронаоѓање решенија.

4. Потенцирајте ја вашата сила

Често ги гледаме само нашите мани и слабости, а ги забораваме предностите. Држете се до она за кое ве бива и трудете се да напредувате.

5. Лажирајте самодоверба

Може и да глумите дека сте самоуверени. Ако се убедувате во тоа, на крајот и ќе поверувате и навистина самодовербата ќе се зголеми.

6. Преземете акција

Стравот може да биде парализирачки. Игнорирајте го гласот во вашата глава кој ви кажува дека не можете да направите нешто. Не дозволувајте стравот да ве спречува да ги остварите вашите соништа.

7. Изгледајте гордо

Кога изгледате добро и се чувствувате добро. Кога се чувствувате добро, имате и самодоверба.

8. Фокусирајте се на позитивното размислување

Негативноста може да ви ја уништи самодовербата. Фокусирајте се на позитивните ваши карактеристики.

9. Бидете подготвени

Учете нови работи, вештини, надоградувајте се постојано. Ако сте подготвени, ќе имате и поголема самодоверба за да реализирате многу можности.

10. Обрнете внимание на говорот на телото

Говорот на телото кажува многу повеќе од зборовите. Кога се чувствувате лошо, кренете ја главата, исправете се и поставете ги рацете како супер херој. Тоа веднаш ќе ви го смени расположението.

Нема магично решение кое ќе ве направи посамоуверена личност. Но, ако ги правите овие мали чекори, постепено ќе ја постигнете посакуваната цел.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот