Говорот на телото на другите може да Ви каже многу повеќе од она што тие го говорат. Но, често пати може да биде и тежок за читање.
На пример, ако една личност си ги прекрсти рацете, може да сметате дека таа е затворена, додека нејзе само ѝ е студено. Еве неколку трикови со кои ќе можете поточно да го дешифрирате говорот на телото.
Стегањето на рамото е знак дека личноста не знае што се случува – според авторите Барбара и Алан Пиз, тоа е гест од три дела: дланките се откриени за да се покаже дека ништо не се крие, рамената се стуткани за да се заштити личноста од напад, а веѓите се кренати.
Со отворените дланки се покажува искреност – отворената дланка се поврзува со вистина, искреност и верност.
Недостатокот на брчки околу очите укажува на лажна насмевка – кога искрено се смее една личност ќе се формираат и брчки околу очите. Ако некој се обидува да изгледа среќно, а не е, брчки нема да има.
Кренатите веѓи се знак на неудобност – загриженоста, изненадувањето и стравот може да предизвикаат луѓето да ги креваат веѓите во знак на неудобност. Значи ако некој Ви даде комплимент со кренати веѓи, веројатно не е искрен.
Покажување на прст со затворена дланка е обид за покажување доминација – ако некој го покажува показалецот кон Вас, а дланката му е затворена, веројатно сака да Ви даде до знаење дека е доминантен.
Ако некој го имитира Вашиот говор на телото, веројатно разговорот оди добро – кога двајца се сложуваат нивните положби на телото и движења се идентични. Кога едната личност ги прекрстува нозете и другата го прави тоа. Ако сте на состанок ова е добар показател дека се движите во вистинската насока.
Ако другиот Ве гледа во очи долго, веројатно лаже – во обид да го вртат погледот некои лажговци ќе пробаат да зјапаат во Вас толку долго што може да стане неудобно за Вас.
Прекрстените нозе се обично знак на одбивање и се лош знак при преговарање – психолошки, прекрстените нозе сигнализираат дека личноста е ментално, емотивно и физички затворена, што значи дека е помалку веројатно да попуштат во
преговарањето.