X
 13.06.2021 Економија

Зошто растат цените на прехранбените производи во целиот свет?

Цените на прехранбените производи на глобално ниво се зголемуваат од минатата есен според глобалниот индекс за цени на прехранбени производи на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Светскиот економски форум пишува дека цените на прехранбените производи низ светот се зголемија за над 27% од просекот помеѓу 2014 и 2016. Цените на овие производи биле највисоки во мај годинава и тогаш, всушност, биле највисоки во последнава деценија.


График: Statista


Зошто растат цените на прехранбените производи?

Цените на палминото масло стојат зад зголемувањето на индексот од четвртиот квартал од минатата година, но во последниве месеци се забележува зголемување и на цените на житариците. Сувото време и прекините во производството предизвикани од пандемијата, во комбинација со големата побарувачка, предизвикаа намалување на резервите на палмино масло, а со тоа и зголемување на другите цени.

Со враќањето на превозот на стоките во нормала, побарувачката за биодизел доведе до зголемување на побарувачката за соино масло, а поради тоа, цените за растителните масла пораснаа за речиси 75% во мај, во однос на просекот од 2014 до 2016 година.

Кога станува збор за житариците, големата побарувачка во Кина ги зголеми цените на овие производи, а за тоа придонесе и послабото производство во Латинска Америка.

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија