X
 28.07.2018 Култура

Мудрости од Буковски: „Дали можеш да се сетиш кој си бил пред светот да ти каже кој треба да бидеш?

-Како по ѓаволите може човек да ужива да го буди алармот во 6.30 часот наутро, да скокне од кревет, да се облече, сосила да јаде, да оди во ве-це, да ги измие забите и косата и да се бори со гужвата во сообраќајот, за да стигне на место каде во суштина ќе прави многу пари за некој друг и на крај да биде благодарен за оваа можност?

-Претпоставувам дека луѓето мислат на неправдата само кога им се случува нив.

-Мораш да умреш неколку пати пред да почнеш навистина да живееш.

- Луѓето кои ги сакаат сите не го менуваат светот.

--Дали можеш да се сетиш кој си бил пред светот да ти каже кој треба да бидеш?

-Светот започнува да се спасува спасувајќи еден човек, сѐ останато е или грандиозна романтика или политика.

-Ако заклучите дека сѐ е бесмислено, тогаш не може да биде сосема бесмислено, бидејќи сте веќе свесни дека е бесмислено и со самото тоа, таа свест за бесмисленото дава некаква смисла. Знаете на што мислам? Како некој оптимистички песимизам.

- Ако се случи нешто лошо пиеш за да заборавиш, ако се случи нешто убаво пиеш за да прославиш; а ако не се случи ништо, пиеш за да се случи.

-Ако сакате да направите нешто, одете до крај. Во спротивно не започнувајте.

-Сите ќе умреме, сите, каков циркус! Само тоа би требало да нѐ натера да се сакаме едни со други, но тоа не го правиме. Се тероризираме едни со други со глупости.

-Мојата амбиција е хендикепирана мрзеливост.

-Некои луѓе никогаш не полудуваат, она што во суштина е страшно е како тие всушност го живеат животот.

-Она што е зло и она што нѐ учеле дека е зло, би можело да биде две сосема различни работи. Општеството нѐ учи дека одредени работи се лоши за да нѐ држи покорни.

-Пречесто луѓето се жалат дека не направиле ништо со своите животи и потоа очекуваат некој да им каже дека не е така.

-Разликата помеѓу диктатурата и демократијата е тоа што во демократијата прво гласате, а потоа добивате наредба, додека во диктатурата не мора да губите време на гласање.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура