X
 13.08.2021 Живот

Објавена е листата на добитници на ваучери за одмор

Министерството за економија ја објави листата на одобрени потврди за користење средства за организиран одмор во износ од 12.000 денари.

Во соопштението се појаснува дека добитниците кои се од Скопје потврдите можат да ги подигнат во Министерството за економија - Сектор за туризам и угостителство од понеделник (16 август) од 9 до 14 часот. На оние добитници кои не се од Скопје потврдите ќе им бидат испратени по пошта, се додава во соопштението.

Целата листа на добитници можете да ја погледнете ТУКА.

Ова се хотелите каде што ќе може да се користат ваучерите за одмор

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година.

Фото: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот