X
 18.09.2022 Живот

Најмалото кралство во светот - нема патишта, ни хотели, а кралот владее со 11 жители и 100 кози

Островот Таволара се наоѓа во непосредна близина на познатата Сардинија, во чија панорама доминираат стрмните варовнички и гранитни карпи, а од морето се издигнува како назабена планина.

Ова островче е најмалку населеното кралство во светот. Кралот шета низ своето кралство во апостолки и шорцови, а кога не го поминува времето на својот рибарски брод ловејќи риба или лигни, тој го води единствениот ресторан на островот. Станува збор за Антонио Бертолеони, или едноставно Тонино. Кралот Тонино има 83 години и владее со островот од 5 квадратни километри во последните 22 години.

На островот живеат необични, ретки кози со златно-жолти заби


Кралот владее со 11 жители, 100 планински кози и неколку загрозени соколи кои живеат на највисокиот врв, на височина од 565 метри. Водењето на островот е семеен бизнис. Кралот и неговиот внук Никола управуваат со летниот брод што носи туристи на островот, принцот и принцезата Гизепе и Лоредана се грижат за ресторанот, а другиот внук на Тонино, Антонио, секое утро взори излегува на море да лови риба и ги снабдува семејството и ресторанот со уловот.


Кралството Таволара постои 185 години, а приказната започнала во 1807 година, кога прадедото на Тонино, Гизепе Бертолеони, првпат пристигнал на островот. Опишан во книгите како „половина овчар, половина пират“, Гизепе се оженил со две сестри и побегнал од Џенова во потрага по место каде што нема да биде осуден поради бигамија.

Набрзо Џузепе и неговите жени сфатиле дека го делат својот мал островски рај со необична, ретка сорта на кози чии заби биле златно-жолти поради морската трева и лишаите што ги паселе. Приказната за козите со златни заби стигнала до кралот на Сардинија, Карло Алберто, кој набрзо отишол во Таволара да ужива во ловот. Домаќин и водич на ловците им бил синот на Џузепе, Паоло.

Легендата вели дека кога пристигнал на островот, се претставил со зборовите „Јас сум Карло, кралот на Сардинија“. Синот на Џузепе му одговорил: „А јас сум Паоло, кралот на Таволара“. Тие ловеле и се гоштевале на островот неколку дена и кралот Карло бил воодушевен. Тој се поздравил со зборовите: „Паоло, ти навистина си кралот на Таволара!“ Карло Алберто подоцна утврдил дека Таволара никогаш официјално не бил дел од Кралството Сардинија и му го кажал тоа на Паоло.


Фотографијата од семејството била прикажана во Бакингемската палата

Бил направен семеен грб и со него бил украсен ѕидот на куќата. Било направено и кралско семејно стебло и биле изградени гробишта.

Поминале години и веста за независен остров до Сардинија се проширила надвор од Медитеранот. Таволара стекна некои сојузници, а британската кралица Викторија го фотографира семејството за нејзината колекција на светски лидери. Таа фотографија долго стоеше во Бакингемската палата со потписот: најмалото кралство на светот.


Денес, копија од таа фотографија виси на ѕидот од ресторанот на Тонино, каде што е прикажан семејниот грб, токму оној што го дизајниран кралот Паоло Први. Поставувањето на базата на НАТО во 1962 година го означи крајот на независноста на кралството, но и една четвртина од островот стана недостапна за жителите. А сепак, како Сан Марино, Таволара никогаш не бил официјално припоен кон модерна Италија, што всушност го прави Тонино петтиот крал во кралството.
 
Извор: Putnikofer.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот